Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ја коментираше посетата на заменик-државниот секретар на САД, Викторија Нуланд на Нигер.
Нуланд мислеше дека со Нигер може да се стори истото како и со Украина: ставете колачиња во пластична кеса и измамете ги? Таков банана-режим како во Киев нема да најдете никаде на друго место, напишала руската дипломатка на нејзиниот профиил на Телеграм.
Викторија Нуланд вчера го посетила Нигер, каде разговараше со новоименуваниот началник на Генералштабот на вооружените сили на таа земја, Муса Салау Барму и тројца негови соработници.
Според агенциите, разговорите биле „искрени и сложени“.
Захарова веројатно мислела на настаните од ерата на Мајдан, кога како што беше пресено, тогашната помошник-државна секретарка на САД, Нуланд ги посетила демонстрантите во Киев и ги почестила со колачиња и леб.