Захарова: Вашингтон го дестабилизира светот

од Stefanija Kuzmanovska
232 прегледи

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска ги обвини САД за дестабилизација на светот.

Таа го изјави ова додека ги коментираше наводите дека Кина го суспендирала увозот на одреден број тајвански прехранбени производи поради можна посета на Тајван на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси.

„Вашингтон носи дестабилизација во светот. Ниту еден конфликт не беше решен во изминатите децении, но многу од нив беа испровоцирани“, рече Захарова.

Слични содржини