Захарова: Ватикан ѝ се извини на Русија поради коментарите на папата

од Stefanija Kuzmanovska
188 прегледи

Русија доби официјално соопштение од Ватикан во кое се извинува за наводните расистички изјави на папата против Чеченците и Бурјатите, така што тој инцидент е завршен, изјави денеска портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Како што пренесе таа, во соопштението конкретно се наведува дека Светата столица ги почитува сите народи на Русија, нивното достоинство, вера и култура, како и другите народи во светот, пренесува ТАСС.

„Способноста да се признаат грешките е сè поретка во модерната меѓународна комуникација. Овој гест покажува дека зад повикот на Ватикан за дијалог стои намерата да се слушаат сите соговорници во дијалогот и можеме да кажеме дека ваквиот пристап предизвикува искрена почит“, оцени Захарова.

Таа изјави дека Русија го смета инцидентот „завршен“ и изрази уверување дека Русија и Ватикан ќе продолжат со, како што рече, конструктивна соработка.

ТАСС потсетува дека папата во интервју за американските медиуми рече дека „најсуровите се оние војници кои не се етнички Руси, но го наследуваат руското наследство, како што се Чеченците и Бурјатите“.

Слични содржини