Захарова за атентатот врз претседателот на Хаити: Америка зад сцената прави невидени работи

од Stefanija Kuzmanovska

Застрашувачка слика може да се види во ситуацијата околу атентатот врз претседателот на Хаити, Жовенел Моиз, Америка зад сцената прави работи без преседан, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

„Веќе неколку дена добивам материјали на оваа тема. И се наѕира слика што е во принцип застрашувачка за нашите западни партнери, не само за Соединетите држави, туку и за колективниот Запад“, рече портпаролот на Министерството за надворешни работи на Јутјуб каналот „Соловјов во живо“.

Според Захарова, Вашингтон ја испратил својата делегација на Хаити, меѓу другото и поради најавата за поврзаност на американската приватна воена компанија со регрутирање лица осомничени за убиство или за планирање атентат врз шефот на државата.

„Постојат сомневања дека американска приватна воена компанија е на некој начин вклучена во регрутирање или обука на луѓе кои сега се обвинети или се осомничени дека учествувале во атентатот врз претседателот на Хаити“, рече Захарова.

Таа рече дека овој случај обелодени „сè што велат западните партнери“, обвинувајќи ја Русија за она што не го сторила, а „притоа прави невидени работи зад сцената“.

Захарова иронично го постави прашањето „каде се санкциите и изјавата на Г7 во врска со настанот“.

Според Си-Ен-Ен, неколку приведени биле агенти на Федералното биро за истраги (ФБИ) и на Американската агенција за борба против наркотици (ДЕА). Стејт департментот категорично го негира тоа.

Да потсетиме, претседателот на Хаити беше убиен во неговата резиденција на 7 јули. Во земјата е воведена воена состојба, која ќе трае 15 дена.

Слични содржини