Захарова за оставката на Бен Валас: Агентот 006 неславно го напушти бојното поле

од Stefanija Kuzmanovska
290 прегледи

Агентот 006 неславно го напушти бојното поле, ја коментираше портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова, оставката на британскиот министер за одбрана Бен Валас.

„Се збогуваме со некој кој е одговорен за тоа што украинската земја поради испораката на оружје со осиромашен ураниум е контаминирана со радијација. Агентот 006 неславно го напушти бојното поле“, напиша таа.

Претходно денеска Валас поднесе оставка од својот четиригодишен мандат како секретар за одбрана.

Валас испратил писмо со оставка до премиерот Риши Сунак, кој ја прифатил оставката, пренесува „Спутник“.

Британскиот „Скај њуз“ пренесува дека неговото место најверојатно ќе го замени претходниот министер за енергетика Грант Шапс.

Да потсетиме, заедно со Вашингтон, Британија е една од земјите од кои Киев ја доби најголемата воена помош, вклучувајќи муниција со осиромашен ураниум, ракети „Storm Shadow“, беспилотни летала и тенкови „Челинџер“.

Слични содржини