Захарова за падот на Бајден: Велат дека било до ветрот, чудно не биле руски хакери

од Stefanija Kuzmanovska
270 прегледи

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова на шега го коментираше инцидентот со американскиот лидер Џо Бајден, кој трипати се сопна при искачување во претседателскиот авион.

-Падот на Бајден на скалите на претседателскиот авион едноставно беше објаснет: „Надвор е многу ветровито“. Чудно што не беа руски хакери, туку едноставно ветер – напиша Захарова на Фејсбук.

Да потсетиме, во пресрет на полетувањето за Атланта, американскиот претседател Џо Бајден се сопна трипати додека со брзи чекори се качуваше по скалите кон вратата на претседателскиот авион.

Слични содржини