Секретаријатот на ОН не зазеде избалансиран став за настаните во украинскиот град Виница, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
На прашањето да ги коментира изјавите на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш за настаните во Виница, таа изјави дека „прекршувајќи ја Повелбата на ОН, Секретаријатот не зазема избалансиран став, што би се очекувало од најугледната меѓународна организација, специјално дизајниранa да помогне во решавањето на споровите“, пренесува ТАСС.
„Би сакала да ги потсетам моите почитувани колеги во Секретаријатот на ОН дека нивната цел не е да заземат нечија страна во контроверзни ситуации, туку да ги олеснат напорите за одржување на мирот и стабилноста“, рече Захарова.