Захарова: Забраната на руските ТВ канали во Молдавија е политичка цензура

од Nikola Popovski
192 прегледи

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека забраната на шест руски телевизиски канали во Молдавија претставува политичка цензура.

„Сметаме дека оваа забрана е чин на политичка цензура без преседан и флагрантно кршење на правото на слободен пристап до информации. Тоа, исто така, ги негира националните права на граѓаните на Молдавија кои зборуваат руски јазик“, рече Захарова.

Забраната за шест телевизиски канали поврзани со прорускиот политичар и бизнисмен Илан Шор, кој побегна од Молдавија во Израел во 2019 година, ќе стапи на сила во понеделник, 19-ти декември и ќе трае додека трае вонредната состојба во земјата.

Молдавија воведе вонредна состојба во земјата по рускиот напад врз Украина во февруари.

Слични содржини