165
Портпаролката на министерството за надворешни работи на Руската Федерација, Марија Захарова, денеска го повика Западот да го искористи своето влијание за да ја одврати Украина од плановите за употреба на т.н. валкана бомба.
„Го повикуваме Западот да влијае врз своите украински штитеници да се откажат од овој многу опасен и ризичен потфат. И не само од овој, туку и од сите оние потфати, активности и акции кои можеме да ги наречеме нуклеарна уцена, затоа што сето тоа доведува до неповратни последици и можни масовни смртни случаи на невини цивили“, рече Захарова на прес-конференција, пренесува ТАСС.
Таа оцени дека Киев користи „нуклеарна уцена“ за да добие поголема воена и финансиска помош од Западот.