27
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова денеска изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски се покажал како „крвожедно чудовиште“.
„Володимир Зеленски, кој најави дека сака да испрати странски воен персонал во Украина, се покажа како крвожедно чудовиште, кое веќе ги уништи сопствените граѓани и планира да уништува странци“, изјави Захарова за РИА Новости.
Руската агенција потсетува дека Зеленски претходно на состанокот на Рамштајн групата зборувал за испраќање странски воен персонал во Украина уште пред крајот на конфликтот.