Зајакнување на антикорупциското законодавство, побара Фон дер Лејен од Зеленски

од Vladimir Zorba
219 прегледи

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска во Киев изјави дека е неопходно да се зајакне украинското законодавство во борбата против корупцијата.

„Направивте многу за да го обезбедите владеењето на правото, но треба дополнително да го зајакнете антикорупциското законодавство и да обезбедите подобро функционирање на администрацијата за да ги создадете потребните услови за борба против корупцијата и да обезбедите непречено функционирање на бизнисот“, изјави Фон дер Лејен на прес-конференција со претседателот на Украина – Володимир Зеленски.

Таа укажа на потребата да се искористи платформата за обнова на Украина за да се создаде заедничка насока, за јасен патоказ според кој би се синхронизирал заедничката работа на обновата на Украина за да се „издигне земјата од урнатините“, пренесе Интерфакс Украина.

Слични содржини