Зајкова: Треба да влечеме примери од некои европски земји кои веќе се соочиле со билатерални спорови

од Andreja Salpe
289 прегледи

Пратеничката на ЛДП, Моника Зајкова, во своето гостување во емисијата 24 Отворено на Телевизија 24 истакна дека треба да влечеме примери од некои европски земји кои веќе се соочиле со билатерални спорови.

  • Јас не можам да влеам позитивизам дека сето ова брзо ќе се реши, но од друга страна не можам да влеам песимизам дека ова би траело до недоглед.Треба ние да разговараме на други стратешки полиња каде што можеме да најдеме заеднички јазик. Има во Европската Унија голем број земји кои што имале слични историски спорови, но наоѓале други стратешки начини како да ги решаваат. Реториката на нашиот сосед е навистина многу лоша и јас не би била толку многу позитивно настроена дека нешто преку ноќ би се сменило, затоа што не гледам дека ние сме седнале на иста маса за да ги почнеме преговорите, освен онаа комисија за историја која заседава, но не гледам каков исход би имало и дали воопштоп наскоро би се решило, истакна Зајкова

Зајкова исто така, се осврна на деценискиот спор кој го имаше земјава со Р. Грција и за позитивниот исход кој го произлезе после преговорите.

  • Ние имавме еден децениски спор зад нас кој го решававме со различни мислења на двете земји и направивме значителен напредок, се со цел оваа земја да бележи напредок во евроинтегративниот пат. Сега се појавува нов спор, кој што јас не можам да кажам дека техничката Влада би можела на било каков начин да го решава или да ги забрза процесите, напомена Зајкова

Слични содржини