„Ме боли глава од тоа да слушам што ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ предлагаат и од нивните меѓусебни препукувања. Еве сега ако едните решиле да го менуваат државниот грб, другите не го даваат државниот грб или не знам више што сè не. Мислам, аман веќе, доста е, дајте да седнеме да разговараме ако дојде веќе такво прашање на маса, сите да ги дадеме своите аргументи и решенија зошто сметаме дека нешто треба и конечно да донесеме нешто заедничко“, изјави пратеничката и претседателка на ЛДП, Моника Зајкова, во гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.
Во врска со можната промена на државниот грб, Зајкова го образложи предлогот на нејзината партија рисот да биде претставен на новиот државен симбол.
„Зошто рисот? Затоа што рисот е прифатен национален државен симбол, ние го имаме веќе на нашите железни монети. Рисот, нели, потекнува од Шар Планина, тој е заштитено животно, имаше обид да се стави на националниот дрес на фудбалската репрезентација и тој е нешто што по никој основ не нè разединува и носи некоја свежина и не враќа назад во некое тежнеење кон некое минато“, рече претседателката на ЛДП.