Зајкова: Не можам да слушам како оние кои со Сваровски судство и џебни терфтерчиња решаваа човечки судбини да говорат за правда

од Симе Стоиков
415 прегледи

„Не можам да слушам да говорат за правда, оние кои со своите дела, со Сваровски судството и активна блокада го урнисаа правосудниот систем. Со џебни тефтерчиња решаваа животни судбини“ рече претседателката на ЛДП и коносителка на листата во ИЕ1 од Коалицијата за европска иднина на митингот во Центар.

Таа додаде дека сите го паметат времето кога се нарачуваа судски пресуди против невини луѓе, а денес „крадецот да вика, држете го крадецот“.

„За Зајкова нема ниту една судска пресуда, но не е така за оние кои зборуваат за довербата во правосудството. Јас немам никаков капитал стекнат на товар на државата, ама прашајте ги нив, како тие го стекнаа нивниот капитал и како ги изградија сопствените бизниси“ рече Зајкова.

Претседателката на ЛДП додаде дека затоа сега ВМРО-ДПМНЕ предлага ветингот за политичарите да важел само пет години наназад, за повторно да се себеамнестираат.

„Јас немам товар од криминално минато и барам ветингот да започне од мене и од осамостојувањето на Македонија. Нека стане пракса која ќе се применува за секој еден, без разлика на национална, верска или политичка припадност“ рече Зајкова.

Слични содржини