Непознато лице закачило свинска глава на врата од џамија во Дортмунд, Германија. Џамијата функционира во рамките на Турско-исламскиот сојуз за верски прашања.
Во соопштението на социјалната мрежа на управата на џамијата се посочува дека нападот бил „расистички и одвратен“. Од таму соопштија дека таквите напади нема да ги заплашат.
-Овој одвратен чин беше остро осуден од нашиот управен одбор“, се вели во соопштението, објави „Ливик“.
Тие истакнаа дека ксенофобијата, антиисламизмот и десничарскиот екстремизам не можат да ги спречат жителите на Дортмунд и Евинг да живеат во мир.
За поддршката им се заблагодариле и на градоначалникот на областа Евинг, Оливер Стенс и на заменикот на сојузната покраина Северна Рајна Вестфалија, Волкан Баран.
Безбедносната камера покажува дека непознато лице дошло до вратата од џамијата, обесило свинска глава и се сликало со неа.
Фото: AA