Закана од забрана за работење и санкција од 20.000 евра за фабриката „Пејпер Мил“

276 прегледи

Државниот инспекторат за животна средина на 30. овој месец ќе направи мерење на емисиите кои ги испушта кочанската фабрика „Пејпер мил“. По првиот направен стручен вонреден надзор, беше констатирано надминување на дозволените вредности.

„Промените во процесот и опремата што во меѓувреме ги правеше инвеститорот, не дадоа резултат. Предложена е казна од 20.000 евра, со Решение е наредено да се врши редовно мерење на емисиите, а Пејпер Мил се обврза да инвестира во вреќаст филтер поради повеќекратно намалување на емисиите. Наредното мерење на емисиите е на 30-ти декември. Доколку со ова мерење се докаже надминување на граничните вредности, ќе се нареди инсталацијата да престане да го користи котелот на пелети и да премине на плин. Во спротивно ќе се забрани работењето, се до обезбедување на филтерот и водење на процесот на начин на кој нема да се загадува Кочани“, соопштија од Инспекторатот.

Оттаму, ако второто мерење покаже идентичен резултат, ќе се нареди инсталацијата да престане да го користи котелот на пелети и да премине на плин. Во спротивно ќе се забрани работењето, сè до обезбедување на филтерот и водење на процесот на начин на кој нема да се загадува Кочани.

Слични содржини