На 42-годишнината од смртта на Јосип Броз Тито, кој загина на 4 мај 1980 година, полицијата добила пријава за непознато машко лице кое се заканувало дека ќе ја урне куќата на Тито во Кумровец.
Анонимниот повик е примен во 10 часот во Оперативно-комуникацискиот центар. Се заканил човек кој „не кажал многу“, туку само рекол дека ќе ја уништи родната куќа на Тито, а потоа ја спуштил слушалката, пишува „Загорје Мало“.
Полицијата не пронашла експлозивна направа откако извршила увид во куќата лоцирана во Музејот на отворено во старото село Кумровец.
Порталот „Низагорје“ наведува дека ваквите закани се вообичаени како што се наближува годишнината од смртта на Тито. Полицијата, сепак, воспостави надзор и ја истражува анонимната закана.
Фото: Profimedia