Закана за атентат против американскиот милијардер Илон Маск се појави во текот на викендот на социјалната мрежа Bluesky, каде што еден корисник објави фотографија на која се гледа како Маск стои на тротоарот додекалице држи пиштол во негова насока, објави денеска Newsweek.
Таа објава очигледно беше отстранета од Bluesky, која се смета за алтернатива на платформата X на Маск.
Во објавата објавена денеска, корисникот напишал дека објавата е отстранета затоа што, како што навел, „куп бебиња кои плачат се пожалиле на модераторите“.
Маск, заедно со претприемачот Вивек Рамасвами, беше назначен од новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да го води Одделот за владина ефикасност во неговата администрација.
„Њујорк тајмс“ во септември објави дека безбедноста на Маск е значително зголемена бидејќи тој станал попознат и имал повеќе контакти.
Маск е придружен од повеќе од 20 безбедносни професионалци кои често носат оружје, како и медицински експерт, пишува весникот.