Закажана конференција за претставување на Регионалниот фонд за предизвици во С.Македонија

261 прегледи

Денес преку онлајн платформата „Зум“ ќе се оддржи конференција за претставување на Регионалниот фонд за предизвици во С.Македонија, на која ќе се обрати министерката за образование и наука, Мила Царовска која ќе го најави отворањето на првиот повик за изразување на интерес.

На оваа конференција, исто така ќе присуствуваат и амбасадорот на Германија во Северна Македонија, Анке Холштајн, Рене Ешеман, директор на канцеларија на KfW за Косово и Северна Македонија, Билјана Пеева-Ѓуриќ, извршен директор на Стопанска комора на Македонија, Фридер Верман, Регионален фонд за предизвици, Единица за управување со фондови, раководител на тимот, Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германската индустрија во Северна Македонија, Албанија и Косово и Курт Витрих, раководител на тим во Образование за вработување, Хелветас, Северна Македонија.

На настанот ќе учествуваат и претставници на јавните институции надлежни за стручно образование и обука, меѓународни организации и иницијативи, стопански комори, даватели на стручна обука, претпријатија и здруженија.

Слични содржини