315
Конечната пресуда против поранешниот командант на Генералштабот на Армијата на Република Српска, Ратко Младиќ, ќе биде изречена на 8 јуни.
Ова го соопшти денеска Меѓународниот механизам за кривични судови.
Во 2017 година, Ратко Младиќ беше осуден на доживотен затвор со првостепената пресуда на Хашкиот трибунал за учество во четири злосторнички потфати.
Во август 2020 година беа поднесени жалби против пресудата против Младиќ.
Одбраната побара ослободителна пресуда за сите точки од обвинението, додека Обвинителството побара Младиќ да биде прогласен за виновен покрај Сребреница за наводен геноцид и во други пет општини: Приједор, Сански мост, Фоча, Котор Варош и Власеница.
Жалбата беше изложена по две претходни одложувања.