За денес закажано новото судско рочиште во Кривичниот суд, за случајот „Титаник“, врзан за изборните нерегуларности.
Овој случај се уште се наоѓа во доказна постапка, а во рамки на изминатото рочиште, премиерот Зоран Заев сведочеше за нерегуларностите од изборниот процес во 2014. година.
Инаку, во овој случај, освен екс премиерот, Никола Груевски кој е во бегство, обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.
Сите се сомничат во овој случај за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.