Закерберг и Маск најавија крај на ерата на паметните телефони – замената можеби нема да ви се допадне

од Nikola Popovski
2,K прегледи

Според технолошките милијардери, најдоцна до 2030 година ќе користиме паметни телефони. Потоа тие ќе бидат заменети со „човечко тело кое ќе стане технолошка платформа“.

Четворица технолошки визионери, Илон Маск, Бил Гејтс, Марк Закерберг и Сем Алтман, работат во сенка на иднината без паметни телефони, насочувајќи го светот кон технологија за носење, интерфејси на мозокот-компјутер и проширена реалност, пишува „The News“.

Илон Маск, преку неговата компанија „Neuralink“, развива мозочни импланти кои овозможуваат контрола на технологијата со мисли, без физички интерфејс. Две лица веќе добија импланти, што ги потврдува раните можности на оваа технологија. Бил Гејтс го поддржува развојот на електронски тетоважи преку стартапот „Chaotic Moon“. Овие тетоважи со наносензори можат да го следат здравјето, да испраќаат податоци, па дури и да овозможат комуникација, претворајќи го телото во технолошка платформа.

Марк Закерберг верува дека очилата за проширена реалност ќе ги заменат паметните телефони до 2030 година, овозможувајќи им на корисниците да го видат дигиталниот свет токму пред нив.

Додека овие визионери се свртуваат кон револуционерни решенија, Тим Кук и „Apple“ сè уште веруваат во важноста на паметниот телефон. Новиот „iPhone“ 16 користи вештачка интелигенција за да го подобри корисничкото искуство, а „Apple“ продолжува да комбинира AR (вештачка реалност) и AI во карактеристичниот формат на iPhone.

Клучното прашање повеќе не е што следува по паметните телефони, туку дали луѓето воопшто ќе сакаат да разменат познат уред за радикални нови технологии.

Слични содржини