Закерберг ја призна најголемата грешка на „Meta“

од Vladimir Zorba
304 прегледи

Марк Закерберг, извршниот директор на „Meta“, конечно го призна она што многумина го зборуваа со години – неговата компанија направи сериозна грешка кога станува збор за TikTok. На интерен состанок на компанијата, од кој протече снимка во јавноста, Закерберг отворено зборуваше за тоа како ја потцениле оваа платформа бидејќи не разбрале што навистина значи да се биде социјален во денешно време.

„Не го препознавме TikTok како социјална мрежа бидејќи имавме застарен поглед на тоа што значи да се биде социјален онлајн“, призна Закерберг.

Ова признание доаѓа во време кога „Meta“ се обидува да ја достигне конкуренцијата со интегрирање на вештачката интелигенција во своите платформи.

Компанијата, вели Закерберг, го гледала TikTok повеќе како YouTube, не забележувајќи клучна разлика – начинот на кој корисниците споделуваат содржина преку приватни пораки, што всушност е јадрото на социјалната интеракција на оваа платформа.

Слични содржини