Закерберг објасни зошто голем поддржувач на Трамп влезе во одборот на „Мета“

од Vladimir Zorba
18 прегледи

Марк Закерберг објасни зошто му дал место на Дејна Вајт во одборот на директори на компанијата што ја основаше – „Мета“.

Креаторот на Фејсбук му откри на Џо Роган дека одлуката е донесена исклучително лесно, бидејќи тој верува дека претседателот на УФЦ, Дејна Вајт е голем претприемач.

„Дана е неверојатен. За тој да стане дел од одборот зборуваме долго време. Ги сакам најдобрите претприемачи и креатори во одборот. Дана го издигна ММА од мал спорт до најбрзо растечки спорт заедно со Ф1. Стотици милиони го гледаат“, рече Закерберг, кој е љубител на ММА, па дури и тренирал со поранешни шампиони како Александар Волкановски и Израел Адесанја.

Технолошкиот иноватор продолжи да му дава комплименти на Вајт, додавајќи дека верува дека Вајт е силна личност со силен систем на вредности.

„Мислам дека Вајт е претприемач од светска класа и има ‘рбет. Многу влади и луѓе ни вршат притисок и ни требаат силни луѓе кои ќе не советуваат како да се справиме со такви ситуации. Водењето на оваа компанија не е лесно. Има голем притисок од различни влади. Сакам да го трошам времето создавајќи работи. Дана ќе биде одлично засилување за нашиот тим“, додаде Закерберг.

Слични содржини