Закерберг од денес отпушта луѓе: Илјадници вработени ќе останат без работа

од Nikola Popovski
299 прегледи

„Мета“ платформите утрово ќе почнат да отпуштаат вработени, изјавил вчера извршниот директор Марк Закерберг на стотици директори на компанијата, пишува „Wall Street Journal“.

Според њујоршкиот весник, се очекува да бидат отпуштени илјадници вработени, што ќе биде најголемото отпуштање во технолошкиот сектор оваа година.

Весникот додава, повикувајќи се на извори, дека Закерберг се појавил вознемирен на состанокот и рекол дека е одговорен за погрешните чекори на компанијата.

Тој исто така изјавил дека неговиот преголем оптимизам во однос на растот довел до прекумерен број вработени, пренесува Ројтерс.

Менаџерот за човечки ресурси на Мета, Лори Голер, посочил дека вработените кои ќе останат без работа ќе добијат најмалку четири месеци отпремнина.

Според податоците на Мета, компанијата на крајот на септември имала повеќе од 87.000 вработени.

Слични содржини