Закерберг повторно на листата на најбогати луѓе во светот

од Stefanija Kuzmanovska
268 прегледи

Марк Закерберг стана „потежок“ за 11 милијарди долари и повторно се најде на листата на десетте најбогати луѓе во светот.

Тоа се случи на 28 април, кога вредноста на „Мета“, компанијата која ги поседува социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, се зголеми за 17 отсто. Така Закерберг за само еден ден стана побогат за 11 милијарди долари.

На Волстрит имаше очекувања дека „Мета“ ќе има најбавен раст во последните неколку години во првиот квартал од оваа година, но инвеститорите беа задоволни откако забележаа зголемување на бројот на корисници, што е еден од најважните параметри.

Претходниот пад на вредноста на акциите имаше влијание врз вредноста на богатството на Закерберг. По два месеца, тој повторно влезе во првите десет најбогати луѓе во светот, а неговото богатство беше проценето на 65 милијарди долари.

Слични содржини