Закерберг се подготвува за крајот на светот? Гради подземен бункер на необична локација

од Stefanija Kuzmanovska
339 прегледи

Марк Закерберг е или малку параноичен или знае што не знаат обичните смртници затоа што, наводно, гради голем подземен бункер на Хаваите.

Како што дознава Wired, првиот човек на „Мета“ започнал проект за изградба на огромен имот на островот Куаи, кој треба да вклучува бункер од 5.000 квадратни метри. Ќе биде самодоволен во однос на сопствената енергија, храна и вода.

Изградбата на имотот на Закерберг, наречен Koolau Ranch, се проценува на околу 100 милиони долари, а 170 милиони долари се потрошени на земјиштето за имотот. Значи, вкупно се работи за околу 270 милиони долари.

Имотот ќе има најмалку 30 спални соби и 30 бањи и мрежа од речиси десетина куќички на дрвја поврзани со мостови од јаже, така што гостите ќе можат да се движат меѓу нив „престојувајќи меѓу врвовите на дрвјата“.

Постојат планови за два замока поврзани со тунел со подземен бункер, каде што ќе има скали за бегство и масивни метални врати исполнети со бетон. Во библиотеката, Закерберг планира да постави „слепи врати“ дизајнирани да се вклопат со изгледот на ѕидовите.

Закерберг не е првиот милијардер кој изградил дом подготвен за крајот на светот. Отпуштениот и повторно именуван извршен директор на OpenAI, Сем Алтман, има залихи на вооружување, злато, антибиотици и гас-маски.

Шефот на „Редит“, Стив Хафман, купил мотоцикли, пиштоли и муниција за да биде подготвен да се „заклучи некое време во куќата ако е потребно“, па дури и направи ласерска операција на очите бидејќи мисли дека тоа ќе му помогне во случај на катастрофа.

Ко-основачот на LinkedIn, Рид Хофман, еднаш рече дека проценува дека повеќе од половина од милијардерите од Силиконската долина инвестирале во некој вид „осигурување од апокалипса“, како подземен бункер.

Слични содржини