Закерберг за еден ден изгуби 29 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

од Vladimir Zorba
196 прегледи

Марк Закерберг изгуби 29 милијарди долари во нето вредност вчера, бидејќи акциите на „Мета“ забележаа рекорден еднодневен пад по разочарувачката прогноза за третиот квартал.

Акциите на „Мета“ паднаа за 26 отсто, бришејќи повеќе од 200 милијарди долари во најголемата еднодневна загуба во пазарната вредност на американската компанија.

Тоа ја намали нето вредноста на основачот и извршен директор на 85 милијарди долари, според „Форбс“.

Закерберг поседува околу 12,8 отсто од оваа технолошка компанија, порано позната како „Фејсбук“.

Неговиот еднодневен пад на богатството е меѓу најголемите досега, веднаш зад сопственикот на „Тесла“, Елон Маск, кој изгуби 35 милијарди долари за еден ден минатиот ноември.

Слични содржини