Кинеските спасувачи во неделата извлекоа 11 рудари на злато, од кои повеќето се во добра состојба, 14 дена откако останаа заробени од подземна експлозија, објави државната телевизија CCTV.
Десет рудари сè уште се водат како исчезнати, пренесуваат државните медиуми.
На снимката е прикажано спасување на првиот рудар, кој беше извлечен од рудникот утрово, со црн превез на очите.
Рударот е исклучително слаб, објави CCTV. Спасувачите го завиткаа мажот кој едвај реагираше во ќебе пред да го однесат во болница со амбулантни возила.
Во следните неколку часа, 10 рудари од друг дел од рудникот, кои минатата недела добиваа храна и материјали од спасувачите, беа извлечени во групи.
Еден е повреден, но останатите со црн превез на очите со помош на спасувачите оделе до возилата на брза помош.