Закрепнувањето на германската автомобилска индустрија се наѕира, но има уште многу работа: Каде лежи проблемот?

од Vladimir Zorba
17 прегледи

Расположението во германската автомобилска индустрија малку се подобри во септември, но закрепнувањето е се уште далеку, е заклучокот од извештајот што денеска го објави Институтот за економски истражувања (ИФО) од Минхен.

Индикаторот за мерење на деловното расположение во германската автомобилска индустрија се зголеми од минус 24,3 поени во август на минус 23 поени, пред се поради помалку песимистичките очекувања за следните шест месеци.

Индексот што ги мери деловните очекувања на компаниите во наредниот полугодишен период порасна од минус 39,3 поени на минус 32,4 поени, додека вредноста на показателот што ја оценува тековната деловна состојба падна од минус 7,5 поени на минус 13 поени.

Големиот пад на расположението во германската автомобилска индустрија од минатиот месец е запрен, но би било прерано да се извлечат заклучоци за понатамошни движења, коментира експертот на ИФО, Анита Велф.

Таа претходно изјави дека автомобилската индустрија во Германија страда поради недостиг на нови нарачки, особено од странство.

Слични содржини