Заложничка драма се одвива во автобус во Германија, на автопатот А9 помеѓу Хиполштајн и Грединг. Нападнат е автобус од Србија.
Силни полициски сили го опколиле автобусот на автопатот.
На меѓународната автобуска линија на српскиот превозник „Ласта“ Дортмунд-Белград, српски државјанин кој влегол во Франкфурт нападнал двајца патници, бил совладан и во моментов се чека да пристигне полицијата за да го уапси, објави Танјуг.
Германските медиуми тврдат дека напаѓачот бил само привремено совладан, и дека за тоа време патниците го напуштиле автобусот, додека полицискиот тим за преговори е на терен и се обидува да стапи во контакт со напаѓачот, а сообраќајот е запрен.
Сите патници се евакуирани, според германската агенција ДПА, а возачите со напаѓачот биле во автобусот.
Der Verkehr wird von der #A9 an den Anschlussstellen #Hilpolstein und #Greding abgeleitet. Wir bitten alle Verkehrsteilnehmer den gesperrten Bereich großräumig zu umfahren. https://t.co/khHMiQfGp7
— Polizei Mittelfranken (@PolizeiMFR) September 21, 2021
Автобусот се движел кон Минхен.
Германскиот „Билд“ објави дека се работи за автобус од странство, и дека во него имало три лица и напаѓач.
Се слушнале три детонации, а полицискиот хеликоптер го надлетува местото на инцидентот.