Заложник №1 на Владимир Путин

од desk3
84 прегледи

За Кремљ е прашање на чест да ја осуди Надежда Савченко – единствената Украинката која пилотира борбени авиони. Путин сака да покаже дека може да држи во затвор за кого ќе побара и колку што побара, смета Сергеј Руденко.

0,,18292896_303,00
Случајот против Надежда Савченко е едно од најгласните во ненајавената украинско-руската војна во која официјално нема воени затвореници, но пак се земаат заложници. За Украинците заробувањето на 17 јуни минатата годинана Надежда Савченко стана симбол на нескршливата волја за победа, а за Русија – олицетворение на “киевската хунта”. Судбината на Надежда Савченко сега зависи од еден човек: во денешна Русија претседателот Владимир Путин е и судија и обвинител, и адвокат.

Пресудата нема да биде изречена од судиите

Минатата година бројот на украински и странски политичари, дипломати, адвокати и активисти се бореа за ослободувањето на Савченко. Случката со неа крај Луганска во јуни 2014 година бара детално истражување. И тоа не само од страна на украинската и руската правда, бидејќи станува збор за киднапирање на државјанка на странска држава и насилно нејзино носење на територијата на Русија. Очигледно е дека за ова кривично дело треба да одговараат претставниците на т.н.. Луганска народна република, како и Русија. Вината на Надежда Савченко, која е обвинета за соучество во убиството на руски телевизиски новинари во регионот на Донбас не беше докажано во судот. Ова сепак не ги интересира киднаперите, ниту пак тоа дека таа е пратеник на украинскиот парламент, како и член на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Бројните обраќања на лидери на странски држави кон Путин, штрајкот со глад на самата Савченко и обидите на украинската страна да ја ослободи, не доведоа до успех. Одговорот на Москва секогаш остануваше ист: вината на Украинката треба да биде одредена во судот. Сите можат и да претпоставаат што ќе е казната, бидејќи пресудата само формално ќе биде потпишана од луѓето во судиски облеки, но вистинските нејзините автори се на друго место.
Иднината на Савченко

За Кремљ е прашање на чест случајот против Надежда Савченко да заврши со пресудата. Нема друго објаснување за упорноста на Путин. Пресудата против Савченко треба да стане пресуда против целата украинска власт, против сите “картели”, за кои зборуваат контролираните од Кремљ руски медиуми во изминатата година. Со други зборови – пресудата ќе биде насочена против сите Украинци, кои со оружје в рака ја заштитуваат својата земја. Пресудата, колку и тешка да е, не значи дека Савченко нужно ќе лежи во руски затвор. За Путин е многу важно да се имаат такви заробеници како неа.

За него е уште поважно да ја демонстрира пред светот својата сила и правда – моќта да ја држи Савченко зад решетки, и покрај сите меѓународни повици и протести; и исправноста ја темели / според верзијата на Кремљ / дека Украина е онаа која убива луѓе во Донбас, а не Русија. Не е исклучено, по објавувањето на пресудата Савченко да биде амнестирана од Путин или пак разменета за руски војници заробени во Донбас. Порано или подоцна историјата со апсењето на Савченко ќе заврши и таа ќе излезе на слобода како хероина.

Светскиот ред на Путин

Целата приказна со Надежда Савченко е сериозен преседан за светската јавност. Денес Русија е држава која не ги почитува нормите на меѓународното право. Во јануари Парламентарното собрание на Советот на Европа се обрати кон Кремљ со барање да се ослободи Савченко и да ја предаде на трета држава. Одговорот на Москва беше негативен. А тоа значи дека Русија одбива да обезбеди заштита не само на Надежда Савченко, но и на секој друг пратеник на ПССЕ. Москва може да продолжи да ги убедува сите во тоа дека не е вмешана во конфликтот во источна Украина, но дури само случајот против Надежда Савченко е доволно за да биде фатено руското раководство во лицемерие и лага. Правилата на играта, кои Путин се обидува да ги наметне на светот, го менуваат постојниот досега ред. Москва едноставно ја игнорира улогата на таквите структури како ПССЕ, а тоа е предизвик за целата светска заедница, која во последните 70 години се научи да ги почитува интересите на другите. Затоа е многу важно како Париз, Лондон, Вашингтон и Берлин ќе одговорат на овој предизвик!