Заменичката на Тачи бара да се стави крај на дијалогот со Србија

од Vladimir Zorba
180 прегледи

Вршителот на должноста претседател на Косово, Вјоса Османи, денеска побара да се прекине дијалогот со Србија заради последните случувања во врска со судењето за воени злосторства.

Во интервју за Дојче веле, таа оцени дека не е време да се продолжи дијалогот со Србија, во време кога Специјалниот суд ги обвинува претседателот и партиските лидери за воени злосторства.

„Мислам дека поради актуелните настани, сега не е време веднаш да се продолжи со дијалогот. Косовските институции треба да одвојат малку време, да се консултираат едни со други, да создадат многу поунифициран став за дијалог, затоа што е потребно секој што преговара во име на Косово, за судбината на Косово, да има поунифициран став за политичкиот спектар, отколку само коалицијата што тој ја претставува“, рече Османи.

Таа рече дека ќе даде свој придонес откако ќе разговара со сите за тоа кави треба да бидат ставовите на Косово во врска со дијалогот.

Претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, исто така, побара прекинување на дијалогот на денот кога беше потврдено обвинението против Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими.

Ставот на Харадинај го изјави и министерот за правда на седницата на Владата на Косово минатата недела, но тој беше одбиен од премиерот на Косово, Авдулах Хоти.

Слични содржини