47
„Ги скршивме телата и умовите на децата од Газа. Ги изгладнуваме децата од Газа. Ние сме соучесници. Како доктор, бесен сум. Ужасно е“,изјави заменик-генералниот директор на СЗО Мајкл Рајан пред новинарите во седиштето на СЗО.
Израел го блокира влегувањето на храна, гориво и медицински материјали во Газа од 2 март.
Израел негира дека Газа се соочува со глад. Не е познато кога или како ќе се врати помошта.