613
Заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Малиар денеска изјави дека ситуацијата во Бахмут е критична и дека украинските војници ја држат одбраната во југозападниот дел на градот.
„Жестоки борби во Бахмут. Ситуацијата е критична“, напиша таа на апликацијата за пораки Телеграм, пренесе „Ројтерс“.
Според неа, украинските војници контролираат одредени индустриски и инфраструктурни објекти во областа и приватниот сектор.