Заменикот министер за финансии денеска по пошта прими плик во кое се наоѓаше куршум и заканувачко писмо во кое го споредуваат со соработник од нацистичка Германија од Втората светска војна, соопшти Министерството за финансии.

Trifon-Aleksiadis-864x400_c

Во писмото кое го објави министерството заменикот министер Трифон Алексијадис е наречен „соработник на Вермахт“ – вооружените сили на нацистичка Германија, кои во војната ја окупираа Грција.

-„До 00.00 часот, вие и вашето семејство ќе дознаете што значи страв, наведено е во писмото на една страница, потпишаносо црвена звезда на досега непозната група „Коккини Грахиа“, што во превод значи Црвена фракција.

Групата Фракција на Црвената армија, ги предводела вооружените напади на политичари, индустријалци и војници во Западна Германија, во текот на 1979 и 1980 година.
Агенцијата Ројтерс наведува дека многу Грци ја обвинуваат денешна Германија за програмата за штедење договорена во август.

Слични содржини