Замина во пензија фудбалерот со една од најпознатите фризури во светот

од Nikola Popovski
309 прегледи

Белгискиот фудбалер Маруан Фелаини одлучи да стави крај на професионалната кариера.

36-годишниот играч од средниот ред објави дека се пензионира откако одигра вкупно 667 натпревари, постигна 136 гола и забележа 63 асистенции, со девет освоени трофеи.

Фудбалската кариера Фелаини ја започна во родната Белгија во академијата на Шарлроа, од каде се пресели во Стандард од Лиеж.

Клучниот трансфер го направи летото 2008 година кога за 22 милиони евра се пресели во Евертон.

Тој помина цели пет сезони на „Гудисон парк“, а потоа се пресели во Манчестер Јунајтед и тргна по стапките на својот поранешен тренер Дејвид Мојс.

На „Олд Трафорд“ играше до зимата 2019 година, кога замина во Кина. Таму играше за Шандонг Луненг и Таишан, каде се пензионираше.

Фелаини за репрезентацијата на Белгија одигра 87 натпревари, постигна 18 гола, играше на две светски првенства и на Европското првенство во 2016 година.

Белгискиот ветеран беше познат по својата необична афро-фризура.