Заминувањето на јапонскиот премиер Фуми Кишида за Њујорк на седницата на Генералното собрание на ОН е одложено за утре поради силниот тајфун Нанмадол, кој ја погоди таа земја, пишува „Известија“, повикувајќи се на јапонската телевизија НХК.
Според извештаите, Кишида требаше да полета за САД попладнево, но беше одлучено летот да се одложи за вторник, за да може премиерот да ја надгледува работата за отстранување на последиците од тајфунот.
Најмалку едно лице загина, едно е исчезнато, а најмалку 60 лица се повредени во тропската бура што го погоди југозападниот дел на Јапонија и се упати кон север кон Токио.