„Замисли нов свет“, театарски проект инициран од Телеком во соработка со МНТ

од Vladimir Zorba
14 прегледи

Македонски Телеком ги заокружува активностите од иницијативата #НаправиМесто со уникатен театарски проект насловен „Замисли нов свет”, создаден како колаж од делата на Горан Стефановски, во соработка со Македонскиот народен театар.

Направи место

Со иницијативата #НаправиМесто, Телеком ја отвори темата за предизвиците со кои се соочуваме како општество и повика на нивно надминување и на вистинско поврзување меѓу луѓето. Во текот на годината беа реализирани низа проекти на оваа тема, се приклучија голем број значајни личности, се адресираа многу проблеми, се отворија чувствителни теми и се работеше на прифаќањето на разликите меѓу луѓето.

Иницијативата се поврзува со пораките од делата на еден од нашите најголемите драмски автори – Горан Стефановски, коишто се врежани во нашата меморија и се подеднакво силни и вистинити и денес.

Замисли нов свет

Театарскиот проект „Замисли нов свет” ги оживува зборовите на Стефановски за вечните вредности како што се човечноста, разбирањето и поврзаноста, квалитети што често се губат во денешното секојдневие.

Претставата е направена во соработка со Македонскиот Народен Театар, во режија на Нела Витошевиќ, со драматуршка адаптација на Ана Ристоска-Трпеноска и во продукција на Владимир Анастасов и Ангела Несторовска од Сектор филм. Обединува врвна актерска екипа од различни генерации: Игор Ангелов, Верица Недевска, Дамјан Цветановски, Филип Трајковиќ, Нина Деан, Ана Јовановска, Стефан Спасов и Антонио Ташковски. Музиката е дело на композиторот Огнен Анастасовски, сценографијата на Константин Трпеноски, а костимите на Роза Трајчевска-Ристоска.

Претпремиерата и премиерата на „Замисли нов свет” се закажани за 16 и 17 декември, а претставата понатаму ќе биде дел од репертоарот на МНТ како вредна инвестиција којашто го пренесува творештвото на Стефановски и неговите пораки до идните поколенија.

Оваа претстава не само што ги заокружува активностите на иницијативата #Направи место, туку е и поддршка на трајните вредности и на уметниците коишто оставиле безвремен белег во нашата култура.

Слични содржини