Ниту една држава во современата историја немала таква воена моќ, како Соединетите Американски Држави. Сепак, некои аналитичари тврдат дека САД заоѓаат, како Велика Британија – претходниот светски хегемон. Иако оваа историска аналогија да добива се повеќе популарност, таа е погрешна, смета американскиот новинар Џозеф Нај од Project Syndicate.
Британија никогаш не била толку моќна како САД денес. Се разбира, нејзината флота била еднаква на обединетаа флота на следните две по сила држави, а под раководство на империјата била ¼ од човештвото.
Но има важни разлики во тоа што се однесува до безбедносните ресурси на империјална Британија и современа Америка. Кон почетокот на Првата светска војна Британија била едвај е четврта меѓу великите држави по бројност на армијата и со третина воени трошоци.
Управувањето на Британската империја во значителна мера се потпира на локалната војска. Од 8,6 милиони британски војници, кои во учествуваа Првата светска војна, речиси 1/3 одпаѓаат на прекуморските провинции на империјата. Кога почнуваат да се зголемува националистичкото чувство, на Владата во Лондон и станува потешко да објави војна од името на империјата.
Кон почетокот на Втората светска војна заштитата на империјата станува повеќе товар отколку предност. Поради фактот што Велика Британија се покажува така блиску распоредена до Германија и Русија, проблемите и стануваат уште посериозни.
Независно од сите празни епови за “Американската империја” САД немаат колонии и затоа тие имаат повеќе слобода за маневри отколку Британија. Многу полесно е да се бранат, опкружени со безопасни држави и два океани.
Тука се поставува другиот проблем со аналогијата за глобалната хегемонија: проблемот со конфузијата околу името на зборот “хегемонија”. Некои аналитичари ги мешаат концептите хегемонија и империјализам. Во САД се гледа на пример за тоа дека хегемонот нема потреба од формална империја.
Други ја одредуваат хегемонијата како способност да ги диктираат правилата на меѓународниот систем, но останува нејасно колку големо треба да е влијанието на хегемонија врз овие процеси во споредба со други земји.
Трети претпоставуваат дека хегемонијата значи контрола над поголемиот дел од безбедносните ресурси. Но, според оваа дефиниција Британија од XIX век не би требало да се смета за хегемон, независно од нејзиното воено-поморска супериорност (во екот на силата во 1870 година, таа беше на третото место, по САД и Русија во големина на БДП и трета по Русија и Франција за воени трошоци).
ОД друга страна оние кои зборуваат за американска хегемонија по 1945 година, не забележуваат дека Советскиот Сојуз е рамнотежа на американската воена моќ во текот на четири децении. САД имаа неспоредливљ економска моќ, но просторот за нивните политички и воени маневри беше ограничуван од СССР. Одделни аналитичари го карактеризираат периодот по 1945 година како хиерархиски поредок, предводен од САД и со либерални карактеристики. Во овој период САД обезбедуваат јавните добра, дејствувајќи во неодржливиот систем од меѓународни правила и институции кои даваат можност на слабите страни да се искажат.
Приврзаниците на истомислениците го сметаат за разумно правото многу земји да ги задржат постојните институционални рамки, дури и ако воените ресурси на САД почнат да се намалуваат. Во овој случај, меѓународниот поредок предводен од САД може да ја преживее загубата на првенството на Америка во безбедносните ресурси, иако многумина докажуваат дека растот на новите земји ја навестува неминовно смртта .
Ако зборуваме за ерата на претпоставената хегемонија на САД, тогаш во неа ќе откриеме не малку фантазија, измешана со факти. Тоа не беше светски поредок. Имаше група земји со сличен менталитет, лоцирани главно во Америка и Западна Европа. Оваа група обединуваше помалку од половина свет. Нејзиното влијание на останатите земји, вклучувајќи и такви важни како Кина, Индија, Индонезија и земјите од советскиот блок, не секогаш беа пријателски. Оваа позиција на на САД во светот би било правилно да се нарече “полухегемонија”.
Се разбира, Америка имаше економска супериорност по 1945 година: многу земји беа уништени од војната, затоа државите произведуваа речиси половина од светскиот БДП. Оваа ситуација се задржа до 1970 година, но од политичка и воена гледна точка светот беше биполарен. СССР беше рамнотежа на американската моќ. Во овој период САД често не можеа да ги бранат своите интереси.
Против оваа позадина “првенство” е попрецизен термин за свртување на несразмерно поголемиот дел на САД во сите трите вида ресурси на моќта – воена, економска и мека. И сега прашањето: настапи ли ерата на крајот на американското првенство?
Светот се развива непредвидливо, па затоа на ова прашање не е можно да се одговори точно. Се јавуваат нови транснационални движења, недржавни играчи, да не зборуваме за растот на новите земји, како Кина. Сето ова е сведоштво на големи промени на хоризонтот. Уште повеќе, што има причина да се претпостави дека на крајот во првата половина на овој век САД ќе го задржат првенството во безбедносните ресурси и ќе продолжат да играат централна улога во светскиот баланс на силите.
Со други зборови, ерата на американското првенство не е завршено, но може да се промени сериозно. Ќе помогнат ли овие промени за зајакнување на глобалната безбедност и напредок, допрва ни претстои да разбереме.
