Западна Австралија бара трајно конфискување на мобилните телефони од возачите кои ги користат додека возат

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Користењето на мобилен телефон додека возите е речиси нерешлива енигма во повеќето земји со развиена патна мрежа. Опасностите се големи, несреќи се случуваат, возачите се казнуваат за користење на мобилен телефон, но се чини дека сето тоа е – преблаго!

Но, една држава, или покраина, сега е подготвена да разговара за радикална мерка, пренесе „ХАК“. Имено, 9News јавува дека за следниот месец е закажан состанок на сите одговорни институции за безбедност на патиштата во Западна Австралија, а тема ќе биде трајното одземање на мобилните телефони од возачите кои се фатени како го користат уредот додека возат.

Ова се случи откако бројот на сообраќајни несреќи во таа земја, од почетокот на годинава, достигна највисоко ниво во последните осум години, со 118 загинати досега. Радикалните околности очигледно бараат радикални идеи и ќе видиме дали овој предлог ќе се конкретизира во форма на нов закон.

Поранешниот претседател на Советот за безбедност на патиштата, Мареј Лампард, е еден од оние кои ја поддржуваат идејата за одземање на мобилниот телефон.

– Кога би се плашеле да не го изгубат мобилниот, кој им е толку важен, мислам дека два пати би размислувале да го користат додека возат, порача тој.

Слични содржини