Над една третина од храната не оди во чинијата, туку во ѓубрето. На растурањето може да се стави крај. Редовно јадете ги своите НЗО (неидентфицирани замрзнати објекти)! Така ќе му помогнете на човештвото – повикува данската активистка Селина Јул пренесува DW.
Се повеќе дански супермаркети воведуваат оддели “Да го спречиме трошењето на храна!”. Таму се нудат прехранбени производи по многу ниски цени, бидејќи наскоро им истекува рокот на траење. Или пак “грди” компири, кои пак остануваат за салата. Една нова фирма снабдува гладни луѓе со храна, до која тие инаку нема како да дојдат. Нејзина идеја е и апликацијата за паметните телефони, за наоѓање на ресторани или пекари, кои затвораат. Таму гладен човек може да добие нешто за јадење по ниска цена.
Анкара ја претпочита Москва пред Вашингтон
Ако сакаме да фрламе помалку храна, сите ние добро треба да го знаеме и … сопствениот фрижидер. Данската активистка Јул се шегува дека луѓето треба да ги школуваат своите НЗО, односно – “неидентфицирани замрзнати објекти”. Бидејќи секој држи во комората за длабоко замрзнување стара храна која конечно ја исфрла. Ајде еднаш месечно ги проверуваме и да ги јадеме своите НЗО, повикува Јул.

Јул се гордее со своите иницијативи, кои веќе мобилизирале илјади луѓе и ја претворија Данска во лидер на борбата против губењето на храна. Таа со право се надева дека оваа борба може да помогне дури и за светскиот мир. Бидејќи сите луѓе во светот, независно од националноста или религијата, се против губењето на храна, потсетува Јул.
Една третина од прехранбените производи во светот одат на ѓубрето
расипништвото и штети и на природата, бидејќи земјоделството е одговорно за една четвртина од гасовите кои предизвикуваат ефект на стаклена градина, користи 70% од водата за пиење и става рака врз една третина од култивираната територија на земјата.

Како што е познато, по целиот свет една третина од храната оди во канта. Тоа се загуби од 850 милијарди евра годишно – и тоа во услови на една милијарда гладни во светот. А се очекува дека во 2050 година населението на планетата ќе дотигне 9.6 милијарди луѓе – како ќе се хранат толку грла? Еден од начините е да се запре губењето на храна.
Како став Данците се благодатен учесник во борбата против расфрлањето на храна. Прво – затоа што имаат висока еколошка свест. И второ – поради штедливоста. Во септември влада дури и ќе создаде специјален фонд за промоција на соодветни проекти. Треба и други земји го следат примерот на Данците.
