Западот му порача на Путин: Санкциите ќе бидат укинати ако ги повлечете војниците

од Nikola Popovski
358 прегледи

Санкциите против руските олигарси, банки и компании би можеле да бидат укинати доколку рускиот претседател ги повлече своите сили од Украина и вети дека повеќе нема да напаѓа, изјави британската министерка за надворешни работи Лиз Трас.

„Санкциите би можеле да бидат укинати само по целосен прекин на огнот и повлекување, но и со обврска да нема повторени агресии. И секако, можеме веднаш да ги вратиме санкциите, во спротивно“, изјави Трас.

Трас истакна дека во британското Министерство за надворешни работи е формирана преговарачка единица која ќе помогне во евентуалните мировни договори.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен исто така рече дека санкциите не се трајни.

Слични содржини