Запален автомобилот на познатиот балкански рапер

од Симе Стоиков
242 прегледи

Денеска е запален автомобилот на сараевскиот рапер Амар Хоџиќ, попознат по прекарот Буба Корели.

Пожарот се случил утрово околу 03:00 часот на улицата Колодворска во Сараево. Запален скапиот автомобил Ауди Q8 на Буба, дознава „klix.ba“.

Како што потврдија од Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево, музичарот во надлежната полиција пријавил дека има оштетување на неговиот автомобил, а од пожарот биле оштетени левиот ретровизор и левата врата од автомобилот.

За се е известено Кантоналното обвинителство кое, како што пренесува споменатиот портал, овој чин го окарактеризира како „предизвикување општа опасност“.

Пожарот, инаку, не бил од големи размери, па немало интервенција на сараевските пожарникари.

Слични содржини