Пресметка ли?-Запален и целосно уништен автомобилот на бизнисменката Кираца Трајковска

од Vladimir Zorba
132 прегледи

Бизнис војна со криминален чин се води на македонската сцена. Полицијата соопшти дека е фрлен молотов коктел врз возило на позната македонска бизнисменка, а како што објавија некои медиуми станува збор за возилото на Кираца Трајковска.

Запален и целосно уништен автомобилот на бизнисменката Кираца Трајковска
Нема осомничени, ниту индиции кој би можел да го стори криминалниот чин во кој целосно е уништено возилото на Трајковска.
Таа неодамна ја загуби битката за Фершпед во трката по акции со нејзиниот дотогаш долгогодишен партнер Штерјо Наков.
Трајковска пред повеќе од една година беше отповикана од Надзорниот одбор на Фершпед./Фактор