Запалени копии од Куранот испратени во џамија во шведскиот град Упсала

од Vladimir Zorba
241 прегледи

Неидентификувани лица испратиле неколку запалени копии од Куранот до претставниците на џамијата во Упсала, Шведска, северозападно од Стокхолм, пишува Афтонбладет.

Неколку членови на одборот на џамијата во Упсала добиле запалени Курани на нивните домашни адреси, пишува шведскиот весник.

Забележано е и дека поради овој инцидент во џамијата во Упсала биле поставени камери за надзор.

Минатата недела шведските власти одлучија да започнат со ревизија на Законот за јавен ред кој дозволува дела поврзани со палењето на Куранот.

Во текот на летото во Шведска и Данска беа организирани протестни состаноци каде што Куранот, свет за муслиманите, беше сквернавен и запален.

Организацијата за исламска соработка (ОИЦ) и многу нејзини членки остро ги осудија таквите акции.

Слични содржини