Запаленото возило марка „Ауди“ црна боја во Сарај кое беше пронајдено во неделата било користено за бегство по нападот во Ист Гејт Мол каде непознато лице ги застрела Раде Трајковски попознат како Штекли и Димитар Трајчов викан Колумбо, дознава „Локално.“
По нападот врз Штекли и Колумбо, пукачот излегол од трговскиот центар, поминал низ подвозникот кај хотел Континентал и на булеварот во близина на општина Гази Баба се качил во црно ауди без регистрации, по што му се губи трага.
Денес напладне нападнатиот Раде Штекли е пуштен од болница да се лекува во својот дом во Керамидница каде според извори на „Локално“ ќе има полициско обезбедување за негова безбедност.
Инаку како што дознава „Локално“ второ повредениот во нападот во Ист Гејт, Димитар Трајчов викан Колумбо синоќа се разбудил од кома и е во стабилна состојба.
За потсетување на 24 месецов околу 15 часот во трговски центарот Ист Гејт, во време кога имаше голема раздвиженост на посетители, беше пукано со огнено оружје, а тешко ранети беа Раде Трајковски, познат како Штекли и неговиот пријател Димитар Трајчов познат како Колумбо.
Р. Т.