Кога Бехати Принсло за прв пат ја откри својата тетоважа по повод свршувачката, три мали точки, наредени вертикално на свршеничкиот прст сигурно изненади доста луѓе.b939d8e4230ad6d97a4b641da3df37f8

Таа призна дека ги остава дијамантите настрана и се запира на алтернативна опција, во кој двајцата со нејзиниот вереник Адам Лавињ, се тетовирани во името на љубовта.

Излегува дека идејата не само што се прифати прилично добро, но и многу парови зедоа пример од славното семејство.

Сличен акт се донесува како симбол на упорност и нераскинлива врска меѓу маж и жена.

Се разбира, тетоважите кои ги заменуваат бурмите варираат според различните интереси на секој пар и поминуваат низ различни знаци, геометриски форми до “класичното” тетовирањето на алка.

Често е прикажувањето на различни модели кои претставуваат своевиден симбол за двојката или дури тајна порака.

Едно е сигурно – резултатите можат да бидат навистина убави и да ја илустрираат силната, непоколеблива љубов, која буквално е за цел живот.

Се разбира, треба да се има предвид токму овој елемент на “за цел живот” и да не се занемарува. Тоа не е само прстен кој може да го симнете, туку нешто што бара разгледување.

Можете да видите некои од најубавите и креативни идеи на парови, кои се тетовирале наместо да стабат венчални прстени во нашата галерија.