Запленета најголемата плантажа со марихуана во Европа

од Nikola Popovski

Агентите на Цивилната гарда заплениле 135.000 растенија марихуана на фарма на 50 километри јужно од Мадрид.

Полициски извори наведуваат дека ова е најголемата заплена на марихуана за време на полициска акција во Европа.

Цивилната гарда ја прегледала фармата, каде што конопот наводно легално се одгледувал за индустриски цели, но примероците од растенијата откриле дека станува збор за растенија „Канабис сатива“, кои биле генетски модифицирани за да изгледаат како индустриски коноп.

Три лица се уапсени, а шест се под истрага за злосторства против јавното здравје.

Слични содржини