Запленети 90 килограми хероин во автобус во Турција

од Maja Serafimova
131 прегледи

Полицијата во турскиот округ Ван откри над 90 килограми хероин, скриен во патнички автобус.

Екипи на полицијата за борба против распространување наркотици го запреле патничкиот автобус поради проверка, кој патувал во градот Тушба.

Дрогата е пронајдена при претрес на автобусот со помош на специјално обучено куче, а уапсени се тројца нарко-дилери.